Седници на собраниските комисии за транспорт и за образование
- Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и за образование, наука и спорт, како и Законодавно - правната комисија.

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и за образование, наука и спорт, како и Законодавно - правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во прво читање.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледува Предлог на закон за средното образование, во прво читање. ев/вг/
ФОТО: Архива