• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица

Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица

Скопје, 31 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, вчера на подрачјето на општина Бутел, по претходно обезбедени докази за недозволена трговија со наркотична дрога марихуана, презеле истражни  дејствија и извршиле претреси на дом и други простории кај лицата И.Ј. (26), А.Ј. (21) и Д.Ѓ. (21), тројцата од Скопје.

Како што оопшти денеска МВР, при претресите се пронајдени и обезбедени недозволени предмети по член и во врска со чл. 215 од Кривичниот законик, при што истите се лишени од слобода  и против нив од страна на ЕНТ СВР Скопје е поднесена кривична пријава по итна постапка до ОЈО Скопје.

Судија на претходна постапка на сите тројца пријавени им одредил мерка притвор од 30 дена. дма/сст/

Фото:МИА архива

Остани поврзан