• сабота, 23 ноември 2024

Седници на пет собраниски комисии

Седници на пет собраниски комисии
Скопје, 23 ноември 2020 (МИА) - Во Собранието денеска седници треба да одржат комисиите за здравство, за транспорт, врски и екологија, за еднакви можности на жените и мажите, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за здравство се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, и двата во прво читање. Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе се најдат Предлог - законот за изменување на Законот за домување, Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, сите во прво читање. Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите треба да ја утврдат агендата на активности на оваа Комисија. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог – законот за изменување на Законот за личното име и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и двата во прво читање. На седницата на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог – закон за изменување на Законот за личното име, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Предлог - законот за изменување на Законот за домување, Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, сите во прво читање. дма/лв/  

Остани поврзан