Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата
- Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Скопје,3 јануари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред на Комисијата како прва точка е јавната расправа за утврдување на Предлог - oдлука за избор на заменик - директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Пратениците ќе треба да го разгледаат и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, како и на замениците на генералниот секретар на претседателот на Република Северна Македонија.
За 10 јануари, пак, е закажана 29. пленарна седница на која на дневен ред се пет интерпелации. ев/бак/
Фото: МИА Архива