• понеделник, 23 декември 2024

Седница на Економско социјалниот совет - ќе се утврдува висината на минималната плата

Седница на Економско социјалниот совет -  ќе се утврдува висината на минималната плата
Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Утврдувањето на новиот износ на минимална плата е на дневен ред на денешната седница на Економско социјалниот совет што ќе се одржи во Владата на Република Северна Македонија.
 
Со седницата на Економско социјален совет ќе претседава министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
 
По завршувањето на седницата предвидени се изјави за медиуми на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и на министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. дма/нд/
 
Фото: МИА архива

Остани поврзан