• среда, 14 август 2024

Седница на Главниот штаб за управување со кризи ќе се одржи денеска во ЦУК

Седница на Главниот штаб за управување со кризи ќе се одржи денеска во ЦУК

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) - Седница на Главниот штаб за управување со кризи ќе се одржи денеска во ЦУК со почеток од 14 часот. На седницата ќе бидат разгледани кризната состојба во КПУ Идризово и т.н. „Мигрантска" кризна состојба на јужната и северната граница.

Од ЦУК известуваат дека покана за присуство добиле и претставник на Народниот правобранител, како и претставник на Македонско здружение на млади правници.

Главниот штаб за управување со кризи е оперативно стручно тело, кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации. Го сочинуваат претставници на министерствата за внатрешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски и надворешни работи. Членови на штабот се и раководителот на итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, АНБ, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Северна Македонија. Со Главниот штаб раководи директорот на Центарот за управување со кризи. сан/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан