• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава против полицаец во Скопје за „обљуба со злоупотреба на положбата“

Кривична  пријава против полицаец во Скопје за „обљуба со злоупотреба на положбата“

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Полицаец во Скопје е осомничен за „обљуба со злоупотреба на положбата“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- На 31 јули, околу 22.30 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин, што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал оштетената по телото, се појаснува во соопштението.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против К.С. - полициски службеник во Полициската станица - Бит Пазар, поради постоење на основи на сомнение, дека сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик.

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место, сѐ до завршување на дисциплинската постапка, се додава во соопштението. бд/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан