• вторник, 05 ноември 2024

Северна Кореја не разговара со САД за приведениот американски војник

Северна Кореја не разговара со САД за приведениот американски војник

Вашингтон, 20 јули 2023 (МИА) – Северна Кореја не одговори на обидите на САД да разговара за американскиот војник, кој ја преминал границата меѓу двете Кореи, изјавија официјални лица во Вашингтон, додавајќи дека изгледите за негово брзо ослободување се нејасни во време на високи тензии меѓу двете земји и неактивни канали за комуникација.

Војникот Тревис Кинг (23), кој беше упатен во САД по отслужувањето на затворската казна во Јужна Кореја за напад, пред два дена влезе во Северна Кореја како дел од цивилна тура на пограничното село Панмунџом.

Тој на 17 јули беше придружуван до аеродромот, но не се качи во авионот. Не е познато како ги поминал часовите помеѓу неговото пристигнување на аеродромот и неговата обиколка на Панмунџом.

Војската на САД дури кога авионот слетал во Тексас сфатила дека го нема Кинг.

Тој е првиот Американец, за кој се знае дека е приведен во Северна Кореја во изминатите пет години.

Мотивот на Кинг за преминувањето на границата не е познат.

Кинг во февруари беше осуден на затворска казна поради напад врз маж и оштетување на полициско возило. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан