• понеделник, 15 декември 2025

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

Скопје, 9 мај 2025 

Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. 

Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место.

Во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека дома културата доживува финансиски колапс.

Ова не е културна политика. Ова е културна деградација.

Ова е ароганција и расипништво со партите на граѓаните.

Културата не е декор за туристичко позирање. Таа е жив систем кој бара посветеност, почит и вистинска грижа.

Додека Љутков патува, народот плаќа. Прашањето е: колку чинат екскурзиите на Љутков?

Зарем вредат патувањата во странство повеќе од тоа да се работи дома за да се решат проблемите во културата?

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан