• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Спроведуваме мерки и политики со кои трендовите на иселување се драстично намалени

СДСМ: Спроведуваме мерки и политики со кои трендовите на иселување се драстично намалени
Скопје, 7 јуни 2022 ВМРО-ДПМНЕ е истата криминална партија  која во 11 години режим ја опустошуваше државата, се грижеше само за своите партиски интереси и богатење на неколкумина на врвот на партијата на сметка на осиромашување на граѓаните. Токму тие погрешни политики се најголемиот виновник за иселувањето на граѓаните од државата. За разлика од тоа време СДСМ спроведува мерки и политики, со кои трендовите на иселување се драстично намалени. Додека ВМРО-ДПМНЕ со години ја држеше минималната плата под 9.000 денари, СДСМ двојно ја зголеми на 18.000 денари, просечната плата порасна на 31.000 денари. Во изминатите години се покачија платите на наставниците, вработените во здравството, социјалната заштита, во градинките, полицијата, културата, во високото образование, следува ново зголемување на платите во сите сектори во септември кога платите ќе се усогласат со растот на минималната плата. Истовремено континуирано се намалува невработеноста, а расте вработеноста на населението. Стапката на невработеност во првиот квартал од оваа година се намали на историски 14,7 отсто. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста. Овие тотално промашени теми за прес конференции не проаѓаат ниту во канцелариите во Белата палата, каде што имаат сериозни проблеми и во функионирањето и во спроведувањето на планираните блокади и други активности. Центар за комуникации на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан