• понеделник, 15 декември 2025

СДСМ: Наместо да го заштити стандардот на граѓаните, власта ги покачува само платите на функционерите

СДСМ: Наместо да го заштити стандардот на граѓаните, власта ги покачува само платите на функционерите

Скопје, 10 јуни 2025 

Додека граѓаните секој ден се борат со растечки цени, инфлација и намалена куповна моќ, за Владата на Мицкоски приоритет не е животниот стандард на народот, туку личниот ќар на функционерите.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во месец мај е покачена и изнесува 3,3%.

Месечната инфлација е покачена за 1,5%, највисока во текот на 2025 година.

Тоа значи едно – животот станува сѐ поскап, а граѓаните живеат сѐ потешко. Економските политики на Мицкоски се тотален дебакл.

И наместо да преземе мерки да го заштити стандардот на граѓаните, да ги покачи платите на работниците, да ја покачи минималната плата, власта ги покачува платите на функционерите.

Одлуката веќе е објавена во Службен весник на Република Македонија.

Нема пари за плати на работниците ама има пари за поголеми плати на функцонерите од власта и тоа за 200 евра!

Ова е срамно, дрско и безобразно.

Мицкоски јавно ветуваше дека функционерските плати нема да се зголемат. Денес гледаме дека тое е уште едно едно од многуте негови лажни ветувања.

И додека народот штеди на храна, лекови и сметки, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ си тераат луксуз – со службени возила, со чартер летови, папаја, манго, а сега и со повисоки плати.

Оваа влада нема ниту план, ниту елементарна емпатија. Има само интерес за себе и за своите функционери.

СДСМ веќе предупредуваше :економијата оди надолу, инфлацијата не е под контрола и ќе продолжи да расте доколку не се спроведат мерки и закони кои ги предложивме.

Затоа денес, јавно и одговорно, бараме итна интервенција од Владата:

Конкретни мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните,

Да нема покачување на платите на функционерите,

Граѓаните заслужуваат фер држава која ги штити, а не држава на привилегирани функционери.

СДСМ: Нема правда, власта ги заштити вистински виновници за Кочани!

Односот на власта кон трагенцијата во Кочани ја покажува самиот премиер Мицкоски кој ги етикетира оние луѓе коишто бараат правда односно најблиските од семејствата на загинатите млади луѓе во дискотеката Пулс. Нема правда за Кочани, власта не е испорачува никаква правда туку заштита за своите. Тоа го видовме. Дел од заштитените кои биле началници во исто време гледаме дека биле и дел од изборниот штаб на ВМОР-ДПМНЕ. Сите оние други коишто биле инволвирани се под заштита на Мицкоски. Тоа не е правда почитувани тоа е неправда. Селективни апсења и жртвени јагниња не се правда. Правда ќе има кога ќе има истраги и одговорности за оние кои денес се под закрила на премиерот а се друго сметаме дека е замајување на јавноста и сметаме дека е едноставно бегање од одговорноста којашто ја имаат директно функционери коишто се блиски до структурите на ВМРО-ДПМНЕ, односно се дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до видео:  https://youtu.be/JF6Ki_0aq0I

 

Прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан