• недела, 21 јули 2024

СДСМ: Мицкоски е неук за тоа како функционира увозот на лекови

СДСМ: Мицкоски е неук за тоа како функционира увозот на лекови

20 јули 2024 

Мицкоски покажува целосно непознавање за тоа како функционира фармацевтскиот пазар и увозот на лекови. Или е неук, или пак поопасната можност е да планира да увезува лекови од паралелен увоз, како што тоа се правеше во времето на Груевски.

Пазарот на лекови е најрегулираниот пазар во земјата. Цената на секој увезен лек се утврдува врз основа на методологија и се пресметува како просек од цените во референтните земји. 

Таа цена се нарекува единствена максимална цена. 

Секоја година се прави ревизија на цените согласно методологијата и се намалува цената на оние лекови согласно намалените цени во референтните земји. 

Мицкоски сакајќи да поентира, прикажувајќи се како државен полицаец, само се срами додека оние кои го познаваат добро пазарот веројатно се смеат на неговите изјави. 

Наместо да продава евтини ПР трикови и да се срами со незнаење, нека почне за почеток  да проверува како неговите најблиски соработници добиваат поклони од 325.000 евра. 

Нека седи лично, како што вели, и нека проверува поклон по поклон во анкетните листови на Јанушев и останатите.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан