• понеделник, 04 ноември 2024

СВР Тетово изрече 147 мерки за сообраќајни прекршоци

СВР Тетово изрече 147 мерки за сообраќајни прекршоци

Тетово, 7 октомври 2023 (МИА) - На подрачјето на СВР Тетово вчера во периодот од 8 до 20 часот, изречени се вкупно 147 мерки за констатирани сообраќајни прекршоци, најмногу за пребрзо возење. Во вчерашните активности откриени и соодветно санкционирани биле вкупно 48 возила, односно возачи, од кои 26 во тетовскиот, а 22 во гостиварскиот регион кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.

Четири возила (по две во двете подрачја  се движеле со над 70 километри на час повеќе од пропишаната брзина, седум возила (ТЕ-4 и ГВ- 3) ја пречекориле брзината од 50 до 70 километри на час.

-СВР Тетово повторно апелира  до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, целосно да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на патиштата и улиците која се однесува на максимално дозволената брзина на движење и да бидат докрај внимателни, посебно во вечерните часови. Зашто, пребрзото возење и овој месец е најчестата причина за најголемиот број од случените сообраќајни несреќи во поширокиот Полошки регион, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

При контролата, исто така, биле санкционирани и 39 возила (ТЕ-33 и ГВ-6)  кои ја пречекориле брзината во населено место, најмногу за 30 до 50 километри на час, а санкционирани биле и 60 (ТЕ-55 и ГВ-5) други видови сообраќајни прекршоци. ас/вг/

Остани поврзан