• сабота, 21 декември 2024

Свечља по заплената оружјето во северно Косово: Се проширува списокот на терористи засолнети во Србија

Свечља по заплената оружјето во северно Косово: Се проширува списокот на терористи засолнети во Србија

Приштина, 8 октомври 2024 (МИА) – Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, ја поздрави вчерашната акција на полицијата во Северна Митровица, во која беше запленето оружје и, како што вели, „опрема за немири и за нелегално производство на криптовалути“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Свечља на својата страница на Фејсбук напиша дека ова е „уште еден случај кој докажува дека списокот на криминалци и терористи кои се засолнуваат во Србија е се подолг“.

Косовскиот министер порача дека „битката во борбата против тероризмот... ќе биде незапирлива“.

„Ја поздравувам акцијата на косовската полиција на нашиот север, која резултираше со заплена на многу различни оружја, опрема за немири и опрема за нелегално производство на криптовалути, со што се спречени можни напади врз наши службеници, граѓани или наши институции. Ова е уште еден случај кој докажува дека списокот на криминалци и терористи кои се засолнуваат во Србија е се подолг. Битката во борбата против тероризмот како што продолжува успешно ќе биде незапирлива и нема враќање назад. Нашата земја никогаш нема да биде рај за криминалци и терористи кои ја загрозуваат безбедноста на нашите граѓани, службеници или институции“, напиша Свечља.

Косовската полиција вчера, при претрес на куќа во Северна Митровица, пронајде и заплени одредено количиство оружје, експлозив и друг воен материјал, како и опрема за нелегално производство на криптовалути. Во врска со случајот распишана е потерница по две лица, А.Ј. роден 1992 година и В.Ј. роден 1978 година. иа/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан