• понеделник, 23 декември 2024

Свечен прием во Општина Куманово во чест на 11 ноември

Свечен прием во Општина Куманово во чест на 11 ноември

Куманово, 10 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска организираа свечен прием за повеќе гости и претставници од различни установи и институции од градот по повод Денот на ослободувањето на Куманово, информираа денеска од општината.

- По повод 11 ноември и 79 години од ослободувањето на Куманово, денеска во просториите на општината заедно со претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска одржавме свечен прием, на кој присуствуваа претставници на Сојуз на борци, поранешни градоначалници на Општина Куманово, поранешни претседатели на Совет на Општина Куманово, претставници на СВР Куманово, АРМ и Здружение на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово, информираа од општината.

На празничната средба како што е наведено биле разменети искуства и размислувања за реализација на нови идеи и проектни зафати, во насока на подобрување на животните услови на граѓаните.

Вечерва на градскиот плоштад се концертите на кои ќе настапат локални артисти: Мартинијан Кириловски, Пајак, Лара, Туна и ДНК. Утре е предвидено полагање на цвеќе на Спомен костурницата и свечена седница на која ќе бидат доделени „Ноемвриските награди“.ам/ир

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан