• петок, 22 ноември 2024

Светска банка очекува благо намалување на цените на енергијата во 2024 и 2025 година

Светска банка очекува благо намалување на цените на енергијата во 2024 и 2025 година

Вашингтон, 14 мај 2024 (МИА) - Светската банка очекува цените на енергијата да се намалат за еден процент во 2024 година, бидејќи пониските цени на природниот гас и јагленот ги компензираат повисоките цени на нафтата, по што ќе следи дополнителен пад од четири проценти во 2025 година, пренесува „Обсервер“.

Цените на суровата нафта од типот „брент“ надминаа 91 долар за барел на почетокот на април, поттикнати од ескалацијата на геополитичките тензии и дополнителното намалување на производството од ОПЕК плус.

Цените на природниот гас паднаа во првиот квартал од 2024 година на речиси 40 отсто пониски од претходната година.

Европската референтна вредност се намали за 35 отсто, со што се променија добивките во претходниот квартал. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан