• сабота, 05 октомври 2024

Саудиските лидери му честитаа на Пезешкијан за победата на изборите во Иран

Саудиските лидери му честитаа на Пезешкијан за победата на изборите во Иран

Ријад, 6 јули 2024 (МИА) – Лидерите на Саудиска Арабија му честитаа на иранскиот реформист Масуд Пезешкијан за победата на претседателските избори и изразија интерес за раст на врските со неговата земја.

Саудиска Арабија и нејзиниот регионален ривал Иран, кои ги поддржуваа спротивставените страни во конфликтите во Јемен и Сирија, минатата година постигнаа договор со посредство на Кина да ги обноват врските по прекин од седум години.

Саудиската државна новинска агенција SPA денеска јави дека кралот Салман во телеграмата со честитки до Пезешкијан рекол дека со нетрпение очекува „континуиран развој на односите“ меѓу двете земји и координација за „зајакнување на регионалната и меѓународната безбедност и мир“.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, де-факто владетел на монархијата богата со нафта, испрати слични честитки, пренесе ДПА повикувајќи се на СПА. јт/

Фото: ЕПА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан