• понеделник, 23 декември 2024

Саудиска Арабија започна истрага за непристојниот гест на Роналдо

Саудиска Арабија започна истрага за непристојниот гест на Роналдо

Ријад, 26 февруари 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е критикуван за неговиот гест по победата во натпреварот од шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Шабаб (3:2), пренесува „Асошиетед прес“.

Откако Андерсон Талиска го постигна победничкиот гол во 86. минута, многу навивачи на Ал Шабаб почнаа да го скандираат името на Лионел Меси. Како одговор на ова, 39-годишниот Португалец покажа непристоен гест кон трибините. Локалните медиуми јавуваат дека Саудиската фудбалска федерација покренала истрага против Роналдо.

Самиот Роналдо постигна гол на овој натпревар - реализираше пенал во 21. минута.

Ал-Наср е на второто место во поредокот на првенството на Саудиска Арабија со 52 бода. Ал Шабаб има 24 бодови на 12. позиција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан