• петок, 22 ноември 2024

Сари го одби Марсеј

Сари го одби Марсеј
Рим, 3 февруари 2021 (МИА) - Маурицио Сари ја одбил понудата да застане на чело на Марсеј, објави на Твитер италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Вчера, францускиот фудбалски клуб остана без тренер, откако Андре Вилаш-Боаш поднесе оставка, бидејќи раководството договори трансфер на фудбалер без негова согласност. Последната работа на 62-годишниот Сари беше во Јувентус, со кого минатата сезона го освои италијанскиот шампион. зс/

Остани поврзан