• недела, 22 декември 2024

Сапсовски по повод Денот на рударите: Со достојно внимание оддаваме почит на трудот на рударите

Сапсовски по повод Денот на рударите: Со достојно внимание оддаваме почит на трудот на рударите
Скопје, 28 август 2022 (МИА) – По повод Денот на рударите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, присуствуваше на свеченост во на која беа доделени благодарници за најдобри рудари и бригади. На настанот биле присутни 800 рудари и раководствата од „Злетово“ и „Тораница“. -Вашата професија е една од најтешките и најопасните, основна гранка за развој на индустријата во една држава, а нашата земја има големо и непроценливо богатство од минерални суровини и затоа, особено важно за нас е оваа гранка да се развива во насока да обезбеди економски раст за државата. Во име на признанието за макотрпната работа на рударите, го исполнивме долгогодишното барање за намалување на старосната граница за пензионирање и исправивме една голема неправда, порача министерот во објава на неговиот фејсбук профил. Информира дека со законските измени коишто се на сила од крајот на минатата година, рударите остваруваат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени, а со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, наместо на 58, правото на пензија можат да го остварат на 50 години. -Продолжуваме заедно да го унапредуваме и развиваме рударскиот сектор - за многу години и честит нека е 28 август- Денот на рударите, ви посакувам успешна работа!, напиша Спасовски. свс/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан