• петок, 22 ноември 2024

Санчо сепак има намера да го напушти Манчестер јунајтед

Санчо сепак има намера да го напушти Манчестер јунајтед

Манчестер, 14 јули 2024 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо сè уште сака да го напушти англискиот клуб и покрај помирувањето со главниот тренер Ерик тен Хаг.

Според „ESPN“ тренерот на Јувентус, Тијаго Мота го чека фудбалерот во италијанскиот тим.

Претходно се дозна дека Санчо разговарал со Тен Хаг и се вратил на тренинзите со Манчестер јунајтед.

Тен Хаг на почетокот на сезоната 2023/24 изјави дека Санчо не работи доволно на тренинзите, по што фудбалерот изјави дека тоа не е така. Како резултат на тоа, Тен Хаг го суспендираше напаѓачот. 

На почетокот на годинава Санчо отиде на позајмица во Борусија Дортмунд. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан