• сабота, 05 октомври 2024

Санкциониран 201 возач во Скопје, деветмина користеле мобилен при возење

Санкциониран 201 возач во Скопје, деветмина користеле мобилен при возење

Скопје, 14 март 2023 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

- Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло..., се наведува во соопштението.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. бд/са/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан