• петок, 22 ноември 2024

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово    

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово    

Тетово, 5 октомври 2024  (МИА) - Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска беше во работна посета во Секторот за внатрешни работи Тетово, Полициската станица за безбедност на сообраќајот Тетово, полициските одделенија Групчин и Јегуновце како и Граничен премин Јажинце.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека директорот Јанев разговорал со колегите за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење и условите во кои работат.

-Од исклучителна важност е полициските службеници да имаат добри услови за работа и дека приоритет е подобрувањето на условите за работа во полициските станици и набавка на потребната опрема. При посетите од особена важност е и остварената средба со началничката на Регионалниот центар Север на која се разговараше за важноста и потребата од блиска соработка, односно продлабочување на соработката помеѓу Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за внатрешни работи Тетово со цел зацврстување на позицијата во обезбедување на сигурност за ефикасно решавање на транснационалниот криминал, миграции и борба со корупцијата, истакна Јанев.

Директорот на БЈБ информира дека во иднина ваквите посети ќе станат редовна пракса, со цел увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото се со цел подобрување на условите и создавање на функционална полиција, која ќе биде во служба на граѓаните и спроведување на законот кој еднакво важи за сите. ас/мд/

фото: МВР 

Остани поврзан