• вторник, 02 јули 2024

Санкционирани 27 возачи за управување под дејство на алкохол на подрачје на СВР Тетово

Санкционирани 27 возачи за управување под дејство на алкохол на подрачје на СВР Тетово

Тетово, 10 декември 2023 (МИА) - Вчеравечер и ноќеска од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачите кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, а во која вкупно биле откриени и санкционирани 27 прекршоци. Од нив 24 на тетовско и 3 на гостиварско подрачје.

-Кај двајца возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) биле измерени до два промили алкохол во организмот, односно крвта, кај тројца(ТЕ) до еден и пол промили и така натаму. Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противвредност, а ќе се соочат и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел и совет до возачите да избегнуваат консумирање алкохол доколку возат дотолку повеќе што претстојат серија празници, но и зголемена сообраќајна фреквенција на подрачјето.

-Консумирањето на алкохол негативно влијае на нивната способност сконцентрирано и безбедно да ги управуваат возилата и на тој начин се изложуваат на опасност да ја доведат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, порача Јосифоски.

Во акциската контрола биле санкционирани и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-8). ас/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан