• понеделник, 01 јули 2024

Санкционирани 198 пешаци

Санкционирани 198 пешаци
 Скопје, 8 март 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, од 10.00 до 15.00 часот, спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците. При контролата се санкционирани 198 пешаци од кои 171 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
 
Според МВР, санкционирани се и 113 други видови прекршоци.
 
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин зашто непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, наведува МВР. мч/дма/
 

Остани поврзан