• сабота, 29 јуни 2024

Санкционирани 171 возач при контроли на сообраќајот на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар

Санкционирани 171 возач при контроли на сообраќајот на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар
Скопје, 25 април 2021 (МИА) - При засилени акциски контроли на делницата Јажинце-Тетово-Гостивар-Дебар во текот на вчерашниот ден санкционирани се 171 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената. Од нив, 12 се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 51 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина, соопшти денеска МВР. Санкционирани се и 20 возачи поради непрописно престигнување. Од МВР најавуваат дека засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови посочувајќи дека евидентно се намалувал на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. - Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто, информираат од МВР. фф/рп/ https://www.youtube.com/watch?v=t0gcxCZpKmY  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан