Санкции за 163 непрописно паркирани возила во Општина Центар
- ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 02.12. до 08.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 163 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 02.12. до 08.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 163 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар, како што стои во соопштението, континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. цр/са/
Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар