• недела, 22 декември 2024

Саем за вработување во организација на Стопанската комора

Саем за вработување во организација на Стопанската комора

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија организира саем за вработување, каде компаниите директно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување.

- Активноста се реализира во насока на амортизирање на еден од најголемите проблеми со што се соочуваат компаниите, обезбедување работна сила преку ангажирање работници од домашниот пазар на труд - со фокус на ранливите категории граѓани и од малцинските заедници, посочуваат од Стопанската комора.

Најавено е саемот да го отворат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора и Џери Дајбл, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

- Недостигот на работна сила е сериозен проблем со што се соочува економијата во нашата земја, а проблемот е уште поголем, бидејќи и увозот на работната сила на работници од трети земји, не ги дава очекуваните резултати, велат од Стопанската комора. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан