Во Кавадарци хуманитарна акција за собирање средства за социјално загрозено семејство
- Во Кавадарци во тек е хуманитарна акција за собирање средства за социјално загрозено семејство, информираа денеска од неформалната група „Кавадаречки срца“, што се залага за поддршка на лица со попреченост и лица во социјален ризик.

Кавадарци, 15 април 2025 (МИА) - Во Кавадарци во тек е хуманитарна акција за собирање средства за социјално загрозено семејство, информираа денеска од неформалната група „Кавадаречки срца“, што се залага за поддршка на лица со попреченост и лица во социјален ризик.
- „Кавадаречки срца" упатува апел до кавадарчани, да го направиме Велигден светол за нашиот член Иле. Имено Иле живее во тешки услови со своето помало братче заедно со својата баба и подолг период живеат во мрак. За сите што сакаат да донираат средства за да се приклучи електрична енергија во неговиот дом, може да се донесат и во невладиниот центар во Кавадарци. Износот на сметката што треба да се плати за да се приклучи електричната енергија е 28 500 денари. Се надеваме дека до Велигден акцијата ќе ја спроведеме успешно, соопшти Орданче Бошковски од оваа организација.
Притоа истакна дека сите заслужуваат да ги поминат претстојните празници убаво и без сиромаштија. свд/
Фото : „Кавадаречки срца"