• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Повик за номинации за Наградата за образование и одржлив развој од УНЕСКО и Јапонија за 2025 година

Повик за номинации за Наградата за образование и одржлив развој од УНЕСКО и Јапонија за 2025 година

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Министерството за образование и наука известува дека УНЕСКО има отворен повик за номинација за Наградата за образование и одржлив развој за 2025 година, финансирана од Владата на Јапонија.

-Оваа награда е воведена од УНЕСКО во 2014 година и се доделува за исклителни проекти и програми од областа на образованието за одржлив развој, врз основа на дадени критериуми, и тоа: трансформација, интеграција и иновација. Право на учество имаат државните институции, меѓународните организации, организации од граѓанскиот и приватниот сектор, медиуми, академии, центри за истражување, образовни установи и други. Секоја држава членка има право да поднесе најмногу три номинации, се наведува во објавата на МОН. 

Наградата се доделува на тројца лауреати и изнесува 50.000 долари по лауреат, по што следува и континуирана соработка со УНЕСКО.

-Номинациите се доставуваат преку онлајн-платформа, од страна на Националната комисија и Постојаната делегација на Република Северна Македонија при УНЕСКО во Париз, за што е потребно тие да се достават во електронска форма, најдоцна до 2 мај 2025 година, на адреса: vesna.kamceva@kultura.gov.mk, наведува Министерството. 

Дополнителни информации во врска со номинациите, условите и критериумите се достапни на линкот: https://en.unesco.org/prize-esd . хс/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан