• сабота, 23 ноември 2024

САД предупредуваат за руска провокација по „вознемирувачките“ извештаи за гранатирање на линијата на фронтот на Украина

САД предупредуваат за руска провокација по „вознемирувачките“ извештаи за гранатирање на линијата на фронтот на Украина
Брисел, 17 февруари 2022 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска предупреди дека Русија би можела да бара изговор за инвазија по „вознемирувачките“ извештаи за гранатирања на линијата на фронтот во Украина со сепаратистите поддржани од Москва. - Веќе некое време зборуваме дека Русите би можеле да направат нешто вакво за да оправдаат воен конфликт. Затоа, ќе го следиме ова многу внимателно, изјави Остин по состанокот со министрите за одбрана на НАТО. ми/

Остани поврзан