• четврток, 07 ноември 2024

САД почнуваат да земаат ДНК примероци од уапсените мигранти

САД почнуваат да земаат ДНК примероци од уапсените мигранти
Вашингтон, 7 март 2020 (МИА) - Федералните агенти ќе започнат да собираат примероци на ДНК од десетици илјади имигранти во американските затвори, во масивна експанзија на програмата за генетички маркери креирана од Конгресот пред повеќе од една деценија, објавија официјални претставници во четвртокот, јави Гласот на Америка. Имигрантите долго беа изземени од законот донесен во 2005 година, кој што бара собирање на ДНК примероци од „поединци кои се уапсени, кои се соочуваат со обвиненија, или кои се осудени или од лица кои не се од САД а биле приведени според законите на САД“. Министерството за правда минатата година предложи ново правило за целосно придржување кон законот, изоставувајќи ги исклучоците и барајќи од агентите да собираат примероци од имигрантите кои влегуваат во САД илегално и кои се во американски притвори. Информацијата потоа се предава во базата на податоци за криминал на Федералното биро за истраги. Новото правило влегува во сила во понеделник. Претставници на Министерството велат дека тоа ќе им помогне на агентите во спроведување на законот да идентификуваат криминалци. -Денешното правило им помага на федералните агенции во имплементирање на постоечките аспекти на нашите имиграциски закони усвоени од надпартиско мнозинство во Конгресот“, изјави заменик генерален правобранител Џефри А. Росен. Додаде дека имплементацијата на законот ќе помогне во спроведување федерален закон со користење на наука. Групите за граѓански слободи остро го критикуваа новото правило. Американската Унија за граѓански слободи го нарече „ксенофобична програма“. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан