• петок, 22 ноември 2024

САД повторно ја продолжија лиценцата на американските компании за работа со Хуавеј

САД повторно ја продолжија лиценцата на американските компании за работа со Хуавеј
Вашингтон, 11 март 2020 (МИА) - Администрацијата на САД одлучи да ја продолжи до 15 мај лиценцата која им дозволува на американски компании на кинескиот Хуавеј (Huawei) да му доставуваат производи кои не се закана за националната безбедност. Ова се вели во офицјиално соопштение на американското Министерство за трговија, објавено во  електронската база на федералниот регистар. Кон средината на февруари лиценцата беше продолжена до 1 април. Во мај минатата година американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се воведе вонредна состојба за заштита на информатичката и комуникациската инфраструктура од странски закани. Министерството за трговија потоа во стави Хуавеј на црна листа поради закана за националната безбедност. Сепак, малку подоцна на компанијата и беше издадена привремена лиценца за 90 дена, со која и беше вратено правото да опслужува мрежи и да го обновува софтверот за нејзините мобилни апарати. Американските власти повеќе пати ја продолжуваа таа лиценца. јт/

Остани поврзан