САД: Кинескиот балон дел од воената набљудувачка операција
- Претставници на американските разузнавачки служби сметаат дека неодамна соборениот кинески балон е дел од обемната програма за надзор што ја води кинеската војска.
Програмата за надзор, која вклучува голем број слични балони, е делумно повлечена од кинеската провинција Хаинан, изјавија официјални лица за Си-Ен-Ен.
Како што се наведува, САД не ја знаат точната големина на кинеската флота со балони за надзор, но изворите велат дека програмата извршила најмалку 20 мисии на најмалку пет континенти во последниве години.
Претставници сметаат дека не сите балони забележани ширум светот биле потполно ист модел како оној што падна во саботата крај брегот на Јужна Каролина и дека постојат неколку „варијации“.
Во моментов, во владина лабораторија во Квантико, Вирџинија, тим инженери на ФБИ ги испитуваат остатоците од пронајдениот балон, обидувајќи се да дознаат сè што можат за разузнавачките податоци што можеби ги собрал и како најдобро да се следат балони за надзор во иднина. паг/