САД воведуваат санкции насочени против ракетната програма на Северна Кореја
- Соединетите Американски Држави воведоа санкции за две руски компании и еден севернокорејски правен објект поради трансфер на чувствителни елементи за ракетната програма на Северна Кореја, соо
Вашингтон, 25 март 2022 (МИА) - Соединетите Американски Држави воведоа санкции за две руски компании и еден севернокорејски правен објект поради трансфер на чувствителни елементи за ракетната програма на Северна Кореја, соопшти Стејт департментот.
Станува збор за руската групација компании Ardis LLC (Ardis Group) и PFK Profpodshipnik LLC. Од Северна Кореја е санкционирана Втората академија за природни науки.
Покрај тоа, санкции се воведени и за рускиот државјанин Игор Александрович Мичурин и севернокорејскиот државјанин Ри Сун Чол, соопшти Стејт департментот.
Соопштението за санкциите дојде истиот ден кога Северна Кореја објави дека тестира нов, моќен тип на интерконтинентална балистичка ракета.
„Овие мерки се дел од нашите тековни напори да ја попречиме способноста на Северна Кореја да ја развие својата ракетна програма и ја нагласуваат негативната улога што Русија ја игра на светската сцена како дистрибутер на загрижувачки програми“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. паг/