• недела, 28 април 2024

Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами по смртта на Колцов

Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами по смртта на Колцов

Мајами, 19 март 2024 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами, пренесува „Tennis365“.

Дваесет и петгодишната Белорусинка е отстранета од официјалниот распоред на тренинзите, а објавите за нејзиното учество на социјалните мрежи се избришани.

Претходно се дозна дека нејзиниот интимен партнер, Константин Колцов, почина на 18 март во Мајами, каде што допатува за да ја поддржи својата девојка.

Поранешниот белоруски хокеар Колцов беше во врска со Сабаленка од 2020 година. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан