• среда, 03 јули 2024

РЦУК Тетово: Се работи на расчистување на снегот од патот кон планинското село Сретково

РЦУК Тетово: Се работи на расчистување на снегот од патот кон планинското село Сретково

Тетово, 18 декември 2023 (МИА) - Регионалниот Центар за управување со кризи Тетово информира дека механизација на Општина Маврово-Ростуше работи на расчистување на патот до планинското село Сретково од снег, откако до нив била пријавено дека делницата не е проодна. Проблемот е пријавен преку eдинствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.

- По извршеното координативно информирање со општината, од Општина Маврово-Ростуше е добиено известување дека екипите се на пат кон селото за расчистување, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи Тетово.

Од тетовскиот ЦУК воедно информираат дека во селото во прекин е и снабдувањето со електрична енергија, за кој очекуваат да биде надминат кога патот ќе биде прооден. ас/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан