• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

РФМ ја исплати наградата на репрезентативците за настапите на Мундијалот

РФМ ја исплати наградата на репрезентативците за настапите на Мундијалот

Скопје, 26 февруари 2025 (МИА) - Ракометната федерација на Македонија денес ја исплати наградата во износ од три милиони денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство 2025.

Македонската репрезентација настапи во Вараждин, Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето.

Во првиот сегмент од Мундијалот, Македонија ремизира со Унгарија, загуби од Холандија и ја победи Гвинеја. И во Главната групна фаза забележа победа (Катар), реми (Австрија) и пораз (Франција). 

Ракометарите го задржаа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на деветти последователен ракометен Мундијал. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан