• вторник, 22 октомври 2024

Руски суд соопшти дека францускиот истражувач Лоран Винатиер поднел жалба на 3-годишната казна

Руски суд соопшти дека францускиот истражувач Лоран Винатиер поднел жалба на 3-годишната казна

Москва, 22 октомври 2024 година (МИА) - Францускиот истражувач Лоран Винатиер поднел жалба против тригодишната затворска казна за прекршување на законот за „странски агенти“ на Москва, случај што го осуди Париз. За поднесокот денеска соопшти руски суд.

Винатиер (48), кој работи за швајцарска невладина организација за посредување во конфликти, е еден од неколкуте лица од Западот кои беа уапсени во Русија откако Москва ја почна својата офанзива за Украина во 2022 година.

„Жалбата против пресудата беше регистрирана на 21 октомври“, објави судот на својата веб-страница, една недела по изрекувањето на пресудата за Винатиер кој ја призна вината и рече дека не знаел дека требало да се регистрира како „странски агент“ - ознака што речиси исклучиво се користи против домашните руски критичари на Кремљ.

Тој беше уапсен во Москва во јуни, а исто така беше обвинет за собирање информации за руската војска.
Францускиот претседател Емануел Макрон побара Русија да го ослободи Винатиер, чие апсење дојде откако се зголемија тензиите меѓу Париз и Москва поради конфликтот во Украина.
Западните земји ја обвинија Москва дека апси нивни граѓани со неосновани обвиненија за да ги користи за размена на затвореници.
Во август Русија и Западот ја одржаа најголемата размена на затвореници од Студената војна. зш/

Остани поврзан