Руските сили насилно растурија протест во Енерходар
- Локалните власти во окупираниот украински град Енерходар соопштија дека руските сили насилно го растерале денешниот проукраинскиот митинг, а дел од учесниците се уапсени
Киев, 2 април 2022 (МИА) - Локалните власти во окупираниот украински град Енерходар соопштија дека руските сили насилно го растерале денешниот проукраинскиот митинг, а дел од учесниците се уапсени.
Жителите на Енерходар ја пееле украинската химна, но набрзо пристигнале руски војници и почнале да апсат, а употребиле и шок бомби.
Локалните власти наведоа дека потоа уследило гранатирање на градот, при што се повредени четири лица.
Во Енерходар е лоцирана најголемата европска нуклеарна централа Запорожје. ми/