• понеделник, 23 декември 2024

Русија ја прогласи фондацијата Клуни за непожелна организација

Русија ја прогласи фондацијата Клуни за непожелна организација

Москва, 19 август 2024 (МИА) - Руските обвинители објавија дека „Фондацијата за правда“ на Џорџ и Амал Клуни, американска непрофитна организација, е означена како „непожелна“ организација бидејќи спроведува активности со „холивудски размери“ со цел дискредитација на Москва.

Фондацијата е основана од актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Оваа ознака „непожелна“ е применета на десетици странски групи од 2015 година, со што организацијата е целосно забранета.

„Фондацијата спроведува активности со холивудски размери со цел дискредитација на Русија. Активно ги поддржува лажните патриоти кои ја напуштиле земјата“, соопшти Канцеларијата на Главниот обвинител преку Телеграм, без да понуди докази.

Дополнително, се наведува дека „под маската на хуманитарни идеи“, организацијата промовира иницијативи за кривичен прогон на највисокото руско раководство и јавно шири негативни оценки за руското законодавство за странски агенти и невладини организации. 

Освен непрофитни организации, руската листа на „непожелни“ вклучува и медиумски куќи, политички, културни и религиозни групи за кои Москва тврди дека претставуваат закана за безбедноста на земјата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан