• вторник, 25 јуни 2024

Русија и Украина разменија по 75 затвореници, за првпат од февруари

Русија и Украина разменија по 75 затвореници, за првпат од февруари

Москва/Киев, 31 мај 2024 (МИА) - Русија и Украина разменија затвореници, што се случи за првпат по неколку месеци, јави ДПА.

Во земјата се вратени 75 руски војници „кои биле во смртна опасност“, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Воедно, руските власти на украинските вооружени сили им предале 75 воени заробеници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди размената на својот канал Телеграм, пренесе ДПА.

Меѓу другото, двете завојувани страни разменилеа и тела на загинати војници. Украина, наводно, назад примила 212 останки на свои војници, додека руската страна, пак, примила 45 тела.

Последната голема размена на затвореници меѓу двете страни се случи во февруари.

ДПА потсетува дека пред само два дена, руската комесарка за човекови права, Татјана Москалкова, ја обвини украинската страна дека ја саботира размената, изјавувајќи дека Киев „постојано поставува нови барања“.сд/

фото:Скриншот од Игор Клименко

Остани поврзан