• понеделник, 23 декември 2024

Русија и Алжир потпишаа Декларацијата за продлабочување на стратешкото партнерство

Русија и Алжир потпишаа Декларацијата за продлабочување на стратешкото партнерство

Москва, 15 јуни 2023 (МИА) – Претседателот на Русија и на Алжир, Владимир Путин и Абделмаџид Тебун денеска во Москва потпишаа Декларацијата за продлабочување на стратешкото партнерство помеѓу двете земји.

Тебун од 13 јуни е во тридневна посета на Русија на покана на Путин, како дел од планот за интензивирање на соработката помеѓу двете држави.

- Алжир е еден од водечките трговски партнери на Русија, истакна Путин и ја поздравувајќи ја „соработката меѓу двете земји, особено во рамките на ОПЕК плус и Форумот на земји извознички на гас, што веројатно ќе обезбеди стабилност на пазарот на фосилни горива“.

Тебун од своја страна истакна дека неговата посета на Русија ќе даде можност за продлабочување на билатералната соработка за широк спектар прашања и ја истакна силата на воспоставените врски. Според него, неговата посета на Русија „сведочи за длабокото пријателство и квалитетот на односите кои меѓу двете земји постојат веќе 60 години“.

- Се согласуваме дека меѓународната ситуација е многу тешка. Затоа сакаме да го забрзаме нашето членство во групата БРИКС, со оглед на големите предности што ги нуди за нашата економија, наведе Тебун.

Тој ја потврди цврстата позиција на Алжир за потребата од мирно решение на кризите во Либија и во Мали.

- Алжир и Русија имаат иста визија за либиското прашање, имајќи предвид дека Либија е пријателска земја за Русија и братска земја за Алжир. Му посакуваме стабилност и безбедност, посочи Тебун.

изрази уверување дека кризата во Мали може да се реши „не со сила, туку преку Алжирскиот мировен договор“. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан