• недела, 04 август 2024

Руди Фернандез стави крај на репрезентативната кариера: Со Шпанија освои 11 медали

Руди Фернандез стави крај на репрезентативната кариера: Со Шпанија освои 11 медали

Париз, 3 август 2024 (МИА) - Поразот од Канада во групната фаза на Олимписките игри во Париз беше последниот натпревар кој легендарниот Руди Фернандез го одигра во дресот на шпанската репрезентација.

За искусниот кошаркар ова беа шести Олимписки игри на кои учествува, а завршија неславно, откако „црвената фурија“ не успеа да ја помине групата.

-Се чувствувам тажно поради поразот на Шпанија и што повеќе нема да ја претставувам мојата земја, но и мирен затоа што конечно ќе можам да поминувам повеќе време со семејството. Време е да се повлечам, а сите овие години се трудев да бидам на услуга на тимот“, рече по натпреварот со Канада Руди Фернандез додаде:

„Им благодарам на сите мои соиграчи со кои играв, како порано, така и во Париз. Секогаш се боревме до крај, се трудевме да дадеме се од себе, понекогаш беше доволно да победиме, понекогаш не, но горд сум на се што сме заедно направивме“.

Руди Фернандез за шпанската репрезентација играше 24 години и за тоа време освои 11 медали од големите натпреварувања, од кои шест златни. дс

Фото: Архива

Остани поврзан