• вторник, 05 ноември 2024

Атлетико Мадрид привлече замена на Мората

Атлетико Мадрид привлече замена на Мората

Мадрид, 3 август 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид официјално го објави потписот на норвешкиот напаѓач Александар Сорлот од Виљареал. 28-годишниот фудбалер потпиша договор на четири сезони, а „јорганџиите“ ќе му платат 30 милиони евра плус дополнителни можни бонуси.

Импозантниот 195 сантиметри висок Сорлот играше за голем број тимови во текот на неговата кариера, вклучувајќи ги Розенборг, Бодио/Глимт, Кристал Палас, Трабзонспор, РБ Лајпциг и Реал Сосиедад пред да се пресели во Виљареал. Сега се очекува да го замени Алваро Мората кој премина во Милан.

Атлетико требаше да го ангажира најдобриот стрелец во Ла Лига од минатата сезона, Артем Довбик од Џирона, но клубот не се разбра со играчот, кој на крајот се пресели во Рома.

Сорлот минатата сезона за Виљареал постигна 26 гола и даде 6 асистенции на 41 натпревар во сите натпреварувања. Тој остана на второто место на листата на стрелци во Ла Лига по Довбик, со само гол зад него.

Сорлот постигна 4 гола против големиот ривал на неговиот нов тим Реал Мадрид во ремито 4-4 помеѓу Виљареал и Лос Бланкос. дс

Фото: Х/Атлетико Мадрид

Остани поврзан