• недела, 04 август 2024

Италијанската боксерка Карини наградена со 100.000 долари

Италијанската боксерка Карини наградена со 100.000 долари

Париз, 3 август 2024 (МИА) - Меѓународната боксерска организација (ИБА) на италијанската боксерка Андела Карини, која го загуби осминафиналето од Алжирката Имане Келиф, ќе и додели парична награда како да е олимписка шампионка, најави претседателот. на ИБА, Умар Кремљев.

-Не можев да ги гледам нејзините солзи. Не сум рамнодушен на ваквите ситуации и ве уверувам дека ќе го заштитиме секој боксер. Не ми е јасно зошто го убиваат женскиот бокс, рекол Кремљев, цитиранa од италијанската „Агенција нова“.

Италијанската боксерка во четвртокот го предаде осминафиналето на Келиф по 45 секунди поради „нејасниот пол на противничката“.

Карини и Келиф си размениле неколку удари, пред италијанската боксерка да ја предаде борбата по силните удари во лицето и главата.

По прогласувањето на победникот, Карини не и подаде рака на противничката, туку падна на колена во рингот и заплака.

Карини изјави дека се откажала од борбата поради силни болки во носот, бидејќи никогаш не била толку силно удирана во рингот.

ИБА е федерација која не е призната од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) од 2023 година, иако нејзината суспензија датира од 2019 година.

Федерацијата немаше никаква улога во квалификациите и организацијата на боксерските настани на овогодинешните Олимписки игри, ниту на Игрите во Токио 2020 година. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан