Рудигер сака над 46 милиони фунти за нов договор со Челзи
- Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер бара над 46 милиони фунти за нов договор со лондонскиот клуб, објави „Марка“.
Лондон, 21 јануари 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер бара над 46 милиони фунти за нов договор со лондонскиот клуб, објави „Марка“.
Според шпанскиот спортски весник, лондонскиот клуб првично на 28-годишниот Германец му понудил 135 000 фунти неделно. Понудата на Челзи го вознемири дефанзивецот, бидејќи под такви услови тој ќе останеше надвор од топ 10 играчи на клубот во однос на платите.
Забележано е дека Манчестер јунајтед, Јувентус, ПСЖ и Баерн се заинтересирани за потпис на договор со Рудигер. Клубовите сакаат да го ангажираат на лето како слободен играч.
Самиот дефанзивец би сакал да се пресели во Реал Мадрид, но мадридскиот клуб не е заинтересиран за него.
Рудигер оваа сезона на 30 натпревари за Челзи постигна три гола и имаше четири асистенции. зс/