• понеделник, 23 декември 2024

Ројс се врати на индивидуални тренинзи

Ројс се врати на индивидуални тренинзи
Дортмунд, 10 јуни 2020 (МИА) - Капитенот и играч од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марко Ројс започна со индивидуални тренинзи, соопшти прес-службата на клубот. На почетокот на февруари, 31-годишниот Германец претрпи оштетување на мускулите, од кое се опорави дури сега. Пријавено е дека во наредните денови играчот ќе може да се врати во општата група. Ројс има 12 голови и седум асистенции на 26 натпревари за Борусија Дортмунд во сезоната 2019/20. зс/

Остани поврзан