• недела, 07 јули 2024

Роналдо по пласманот на Ал Наср во азиската Лига на шампиони: Никогаш не се откажувај

Роналдо по пласманот на Ал Наср во азиската Лига на шампиони: Никогаш не се откажувај

Ријад, 23 август 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо реагираше на влезот на клубот во групната фаза од азиската Лига на шампиони.

 

- Тежок натпревар, но важна победа за пласман во азиската Лига на шампиони! Секогаш чувајте ја вербата до крај! Никогаш не се откажувај! – напиша Роналдо на социјалните мрежи.

 

Ал-Наср синоќа го совлада Ал-Ахли со 4:2 во финалето од квалификациите за азиската Лига на шампиони. До 88. минута клубот од Дубаи губеше со 1:2.

 

Ал-Наср се пласираше во групната фаза од азиската Лига на шампиони, која започнува по еден месец. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан