Роналдо подготвен да се врати во Реал
- Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти тимот на крајот на сезоната и да се врати во Реал Мадрид, објави „Марка“.
Мадрид, 24 март 2021 (МИА) - Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо може да го напушти тимот на крајот на сезоната и да се врати во Реал Мадрид, објави „Марка“.
Самиот 36-годишен португалски фудбалер е уверен дека и покрај неговата возраст, сепак е во можност да му користи на „Кралскиот клуб“. Затоа, тој е подготвен да го разгледа предлогот доколку е поволен.
Претходно беше објавено дека Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид за повторно да ја освои Лигата на шампионите.
Португалскиот напаѓач играше за Реал од 2009 до 2018 година. Заедно со тимот, тој освои 15 трофеи, вклучително и четири пехари во Лигата на шампионите. Покрај тоа, како играч на шпанскиот гигант тој четири пати ја освои „Златната топка“.
Оваа сезона, Роналдо одигра 24 натпревари во италијанскиот шампионат, на кои постигна 23 гола и направи три асистенции. зс/